Дома Македонски спорт Дени Илиев се враќа во Арсенал

Дени Илиев се враќа во Арсенал

Maкедонскиот интернационалец Дејан Илиев по крајот на овој месец ќе се врати во Арсенал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Илиев беше на позајмица во Шрузбери, а сега ќе се врати во Арсенал. Македонскиот голман во третолигашот забележа само три настапи во изминатите шест месеци.

Во клубот Илиев пристигна како замена за Матија Саркиќ и токму кога започна да добива минутажа тој се повреди, голманската позиција потоа повторно ја превзема Саркиќ.

Сега Струмичанецот ќе се врати во Арсенал каде што ќе биде трет голман зад Бернд Лено и Рунар Рунарсон. Мат Мејси кој беше трет голман на Арсенал потпиша за Хиберниан од Шкотска па Илиев се враќа да биде на негово место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …