Дени Илиев во финишот од преодниот рок од Арсенал беше испратен на позајмица во третолигашот Шрузбери со цел да брани и да собира искуство
Илиев добро започна и беше прв избор на голманската позиција во овој тим. Сепак, пред натпреварот минатиот викенд се повреди и не можеше да настапи. Сега од клубот за англиските медиуми потврдиле дека повредата на Илиев не е наивна и тој ќе биде надвор од терените во наредните неколку недели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Илиев во последно време и редовно добива повик од Игор Ангеловски во репрезентацијата на Македонија каде што е трет избор зад Димитриевски и Шишковски. Сега прашање е дали ќе може да биде со репрезентацијата за натпреварот против Грузија на 12. ноември.