Денеска македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди ќе направи втор ПЦР тест .
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барди после враќањето од Шпанија даде позитивен ковид-тест и во моментов е во изолација, но без никакви симптоми.
Селекторот Игор Ангеловски денес потврди дека се чека негативниот тест на Барди за тој да се приклучи на останатите. До тогаш ќе тренира одвоено како што налагаат протоколите.
„На Барди денес му завршува изолацијата од 10 дена. Ќе тренира сам се додека не добие негативен тест, се надеваме дека ќе добие што побрзо и ќе ни се придружи“, изјави Ангеловски.
Цела Македонија е во исчекување на резултатите од тестот, бидејќи Барди е еден од најважните фудбалери во нашата репрезентација.