Дома Останати Кошарка Денвер синоќа играше за финале на Западот. Загуби со 45 разлика

Денвер синоќа играше за финале на Западот. Загуби со 45 разлика

Кошаркарите на Минесота и Денвер синоќа го одиграа шестиот натпревар од полуфиналната плејоф серија на НБА Западот.

Пред таа средба Денвер имаше предност од 3:2 и му беше потребна само оваа победа за да се пласира во конференциското финале. Загуби со 45 разлика, со резултат 70:115.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поразот од 45 поени е најголем во историјата на лигата во натпреварите од плејофот за актуелниот шампион во НБА.

Денвер го претрпе пред се благодарение на две серии. Во првата четвртина Минесота успеа да направи неверојатна серија од 20:0, а во четвртата четвртина резервните играчи на тимот успеаја да направат серија од 24:0. Најголемата разлика во играта беше 50 поени во корист на Минесота.

Српскиот центар на Нагетс, Никола Јокиќ, кој на овој натпревар сакаше да го однесе Денвер во финалето на Западот, беше запрен на 22 поени, што се бројки под неговиот просек.

Решавачкиот натпревар ќе се игра в недела во Денвер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уапсен братот на Никола Јокиќ

Страхиња Јокиќ, брат на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, е уапсен во САД поради напад на на…