Дома Топ вести Дембеле има две богати понуди од Премиер лигата

Дембеле има две богати понуди од Премиер лигата

Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.

Дембеле има договор со клубот до крајот на сезоната, се уште не дава одговор на понудата на Барселона и можно е на лето да си замине како слободен агент.

Медиумите од Франција сега пренесуваат дека Њукасл им ги мати плановите на Каталонците да го задржат напаѓачот. 

Њукасл му ветува богатство на Осман Дембеле за да ја одбие Барселона и како слободен агент да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.

Во трката за потписот на Дембеле сега се вклучи и Манчестер Јунајтед кој е спремен да му понуди 15 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се откажа од Погба, ја сака ѕвездата на Лестер

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е во потрага по дефанзивен играч за врска, …