Дома Трансфер зона Двоен удар на Јувентус: Шчешни и Де Шиљо во Торино

Двоен удар на Јувентус: Шчешни и Де Шиљо во Торино

0

„Скај Италија“ пренесува дека Јувентус договорил две нови засилувања, а станува збор за Матија де Шиљо од Милан и Војчех Шчешни од Арсенал.

Де Шиљо веќе подолго време беше на радарот на „бјанконерите“, па конечно постигнаа договор со Милан.

Италијанскиот репрезентативец одби да го продолжи договорот со „росонерите“, па Јувентус за неговиот потпис ќе плати 12 милиони евра плус бонуси.

Шчешни исто така од поодамна имаше постигнато договор со „бјанконерите“ и следната сезона ќе биде замена за Буфон, а „старата дама“ за него ќе плати 11 милиони плус 2 милиони како бонус.

Голманот се очекува утре да пристигне на прегледи во Торино, додека Де Шиљо ќе пристигне наредните денови бидејќи моментално е во Кина на турнеја со Милан.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Неочекувана понуда во Мадрид – Зидан во замена за Бејл ја добива ГОЛЕМАТА желба?!

Како што пренесува шпанскиот портал „Diario Gol“, Реал Мадрид добил неочекувана понуда. Сп…