Дома Трансфер зона Две засилувања пристигнуваат на „Сан Сиро“: Се враќа Шпанецот кој ги одигра своите најдобри натпревари во Милан

Две засилувања пристигнуваат на „Сан Сиро“: Се враќа Шпанецот кој ги одигра своите најдобри натпревари во Милан

Навивачите на Милан се во екстаза оваа зима.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По двете големи засилувања, Лукас Пакет и Кшиштоф Пјонтек, управата на клубот подготвува уште две засилувања. Според пишувањата на италијанските медиуми, „Росонерите“ работаат на трансфер на двајца играчи – фудбалерот на Вотфорд, Џерар Делофеу и членот на Бордо, Орелен Чуамени.

„Сан Сиро“ добро го памети Шпанецот кој веќе настапуваше за Милан во сезоната 2016/17, кога на 18 настапи постигна четири гола и запиша три асистенции. Така беше еден од најдобрите играчи, па во клубот се надеваат дека би можеле да ги повтори натпреварите и оваа зима.

Се споменува добро познатито бизнис модел – позајмица со право на откуп. Од другата страна, Чуамени е трансфер за иднината, има само 18 години и е во младинската репрезентација на Франција. Тој би чинел десет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…