Дома Трансфер зона Два премиерлигаши се борат за потписот на Осимен

Два премиерлигаши се борат за потписот на Осимен

Челзи нема да жали пари за ѕвездата на Наполи, Виктор Осимене, пренесуваат медиумите на Островот.

Осимен оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а и односите со клубот се нарушени во последно време, па јасно е дека на лето ќе ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нигериецот неодамна стави потпис на нов договор, но Наполи потврди дека на лето најверојатно ќе биде продаден.

Таквата ситуација сака да ја искористи Челзи, кој и во летниот преоден рок покажуваше голем интерес за Нигериецот.

Приоритет на „сините“ е доведување на врвен напаѓач и нема да жалаат пари да го доведат Осимен на „Стенфорд Бриџ“.

Челзи сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да понуди 110 милиони евра, а главен конкурент за потписот ќе биде тимот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…