Дома Фудбал Два од најубавите три гола во групната фаза од ЛШ се на Меси 🎥

Два од најубавите три гола во групната фаза од ЛШ се на Меси 🎥

УЕФА објави кои три гола се прогласени за најдобри по групната фаза на натпреварувањето според гласовите од навивачите.

Првото место му припадна на Лионел Меси за неговиот гол во Лисабон на натпреварот од третото коло помеѓу Бенфика и неговиот Пари Сен Жермен кој заврши нерешено 1:1. Славниот 35-годишен Аргентинец брилијантно реагираше во 22. минута по акцијата со Бразилецот Нејмар и во негов стил ги доведе „светците“ во водство.

Второто место му припадна на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд за неговиот гол во второто коло против неговиот клуб Борусија Дортмунд вчера (2:1). Норвежанецот во стилот на славниот Јохан Кројф им донесе победа на „граѓаните“ во 84. минута.

Интересно е што и третото место му припадна на Меси за гол во мечот од петтото коло со израелскиот Макаби (7:2). На тој меч славниот Аргентинец постигна два гола, а беше избран првиот водечки гол на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…