Играчот од средниот ред на Јувентус, Адријан Рабио, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, тврдат француските медиуми.
Италијанскиот шампион има намера да се раздели со поранешниот играч на Пари Сент Жермен, кој не се наметна во стартниот тим, а истовремено создаде проблеми со своето однесување.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Јувентус веќе започнал преговори со Евертон и Арсенал, клубови кои покажуваат најсилен интерес за Французинот.
„Карамелите“ имаат поголеми шанси за привлекување на Французинот, а причината е што Карло Анчелоти го познава Рабио уште од времето во ПСЖ и сака да го доведе на „Гудисон Парк“.
Рабио дојде во Јувентус минатото лето како слободен агент, оваа сезона запиша 17 натпревари во Серија А, во кои нема ниту гол, ниту асистенција.