Дома Трансфер зона Два англиски гиганти се „тепаат“ за Пјонтек

Два англиски гиганти се „тепаат“ за Пјонтек

0

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше сензација во Серија А и во јануари направи трансфер во Милан за 35 милиони евра од Џенова.

Полскиот репрезентативец се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но оваа сезона едноставно се вклопи во сивилото на Милан.

Сепак, неговите квалитети се неспорни, па неколку европски гиганти ја следат ситуацијата, а најконкретни се англиските клубови Манчестер Јунајтед и Челзи.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетн напаѓач во јануари, а Пјонтек наводно е најголема желба на Солскјер.

Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ спремил понуда од 50 милиони евра, но ќе треба да ја победи конкуренцијата.

Челзи исто така внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да го купи напаѓачот во јануари и да го остави на позајмица во Милан до крајот на сезоната.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Нејмар не престанува да мисли на враќање во Барселона

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар верува дека наскоро повторно ќе го облече дресот на …