Дома Фудбал Италија Да се знае кој е главен: Сари заминува во Грција на средба со Роналдо!

Да се знае кој е главен: Сари заминува во Грција на средба со Роналдо!

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари ќе отпатува во Грција каде треба да се сретне со најголемата ѕвезда од тимот, Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во моментов Португалецот е на одмор во Грција заедно со своето семсјтво и е сместен во луксузна вила на полуостровот Коста Наварино. (види ОВДЕ).

Сари сака лично да се види со Роналдо пред почетокот на подготовките со Јувентус, па утре ќе патува во Грција, потврдија италијанските медиуми.

Искусниот стратег призна дека работењето со Роналдо ќе биде најголем предизвик во неговата кариера, па сака да разговара со него пред да ги прави плановите за подготовките.

На средбата помеѓу Сари и Роналдо ќе присуствува и спортскиот директор Фабио Паратичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Момент кој направи разлика: Нико Вилијмас немаше да ја стигне топката, ако Молина не го туркаше (Видео)

Фудбалската репрезентација на Шпанија го освои финалето на Светското првенство совладувајќ…