Одбојкарскиот шампион на Македонија, Струмица Никоб утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека холандскиот шампион Динамо Апелдорн во елитното европско натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На првиот натпревар Холанѓаните забележаа победа од 3:0. Пред овој натпревар се испрата апел од сите навивачи да го поддржат македонскиот шампион, а ќе биде обезбеден и бесплатен автобуски превоз.
„За сите заинтересирани кои што сакаат да присуствуваат на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ОК Струмица Никоб и Динамо Драисма Апелдорн кој ќе се игра на 27. септември во 19:00 часот во СЦ Јане Сандански ќе биде обезбеден бесплатен автобуски превоз“, стои во соопштението.

