Дома Фудбал Останато Дарко Панчев: Интер беше грешка, јасно дека ќе навивам за Звезда

Дарко Панчев: Интер беше грешка, јасно дека ќе навивам за Звезда

Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев даде интервју за „Газета дело Спорт“ пред дуелот на двата негови поранешни клуба Интер и Црвена Звезда.

Панчев уште еднаш потврди дека преминувањето во Интер кога ја напушташе Црвена Звезда било голема грешка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во тоа време бев меѓу најбараните напаѓачи во Европа. Имавме преговори со Барселона, чиј тренер беше Јохан Кројф. Ме бараше и Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед. Потпишав преддоговор со Милан. Заинтересиран беше и Реал Мадрид, на преговори дојде и неговиот претседател Рамон Мендоза. Имаше избори, но јас ја избрав најлошата опција. Никој не е виновен. Ја преземам одговорноста на себе“,  Панчев.

„Јасно е за кого ќе навивам. Искрено мене Црвена Звезда и Вардар ми се се во животот. Мене Звезда ме научи како да постојам на овој свет. Интер е фаворит, но во фудбалот ништо не се знае однапред“ рече Пачев за „Газета дело Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…