Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш (36) се врати во Бразил.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После 17 години во Европа во кои стана апсолутен рекордер по број на освоени трофеи, легендарниот десен бек се враќа дома и потпиша договор со Сао Паоло.
Алвеш со бразилскиот великан потпиша тригодишен договор и веднаш потоа беше и официјално претставен.
Така завршува европската ера на еден од најдобрите бекови кои некогаш заиграле на Стариот континент, а Алвеш играше за Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ.
Алвеш во кариерата освои 43 трофеи, а сега ќе има шанса таа бројка да ја зголеми во дресот на Сао Паоло.