Дома Топ вести Дали Фирмињо ги брои последните денови на „Енфилд“?

Дали Фирмињо ги брои последните денови на „Енфилд“?

Како што пренесуваат англиските медиуми Роберто Фирмињо би можел да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.

Според „Дејли Мејл“, Баварците покажуваат силен интерес за ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмињо и веќе започнале да таботат на трансферот.

Од „Алијанц Арена“ се убедени дека Ливерпул може да се одлучи да го продаде Фирмињо на лето, бидејќи „црвените“ спремаат трансфер на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

На Баерн ќе му биде исклучително тешко да го убеди Јирген Клоп да се ослободи од 28-годишниот Бразилец, кој е клучен во неговиот тим.

Меѓутоа, англиските медиуми тврдат дека Клоп сака да донесе две нови ѕвезди во нападот и е спремен да го „жртвува“ Фирмињо, кој до сега на 231 натпревар постигна 76 гола за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…