Дома Фудбал Останато Дали правилото со пет измени навистина им помага на најсилните?

Дали правилото со пет измени навистина им помага на најсилните?

Премиер лигата изгласа правилото од пет измени во текот на натпреварите да не се применува во наредната сезона.

Во ПЛ сметаат дека ова правило ги фаворизира најсилните клубови кои имаат „подолга клупа“ од останатите.

Статистиката покажува дека од воведувањето на привременото правило, односно од враќањето на фудбалот најмногу победи во ПЛ остварил Манчестер Сити – седум. Преостанатите два натпревари „граѓаните“ ги изгубија.

Манчестер Јунајтед кој е непоразен во тие девет натпревари има учинок од шест победи, исто колку и Челзи кој претрпе три порази. Тотенхем, Арсенал и Ливерпул имаат по пет победи.

Од најсилните клубови во ПЛ само Јунајтед не доживеа пораз во споменатиот период. Челзи и Арсенал имаат најмногу изгубени натпревари, по три.

Во Серија А шампионот Јувентус изгуби дури четири пати на натпреварите во кои можеше да направи пет измени. Интер помина многу подобро и беше поразен само на еден натпревар, Лацио запиша пет порази.

Реал Мадрид добро го искористи правилото затоа што нанижа 10 пати победи на патот до титулата. Барселона за тоа време имаше многу киксови изгуби еден натпревар и три пати ремизираше. Атлетико не изгуби ниту еден натпревар.

Баерн беше максимален во Бунедслигата, Борусија претрпе три порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Урнебесно: Иско во борба сам со себе да ја стигне топката 🎥

Иско е миленик на Зинедин Зидан и веројатно тоа е главната причина зошто е се уште член на…