Пол Погба во Манчестер Јунајтед не остварува резултати какви што посакува, па се погласни се шпекулациите дека ќе си замине од „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За услугите на 26-годишниот Французин најсилен интерес покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, кои и во летниот преоден рок се обидоа да го договорат неговиот трансфер.
Сега Погба со еден коментар на Инстаграм повторно ја разгоре фантазијата на навивачите на Јувентус, а можеби со тоа го наговести своето враќање во Торино.
Синоќа Јувентус со победата во Москва обезбеди пласман во осминафиналето од ЛШ, а Леонардо Бонучи објави фотографија на Инстаграм.
Погба оствари коментар „Капитену“ со неколку емотикони, а после тоа навивачите на Јувентус јавно го поканија Французинот да се врати во Торино.
