Дома Фудбал Останато Дали на повидок е нова ѕвезда? Братучед на Халанд има страшна статистика!

Дали на повидок е нова ѕвезда? Братучед на Халанд има страшна статистика!

Ерлинг Халанд се појави во Молде, па блесна во Салзбург, а продолжи да ги тресе мрежите и во Борусија Дортмунд токму затоа констатно е во фокусот на медиумите, а од неговото семејство би можел да излезе уште еден страшен голгетер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега во Молде своите почетоци ги има Алберт Тјаланд, 17 годишен братучед на Ерлинг Халанд. Тјаланд се уште нема настап во сениорскиот состав, но бројките во младиските категории ветуваат. На 48 натпревари тој постигна неверојатни 69 гола.

Фудбалските експерти му предвидуваат голема кариера, а за одредени сегменти во играта сметаат дека е повеќе талентиран од Халанд. Во медиумите неговото име веќе се поврзуваше со Ливерпул.

Останува времето да покаже дали Тјаланд ќе ги исполни очекувањата и ќе блесне на европската сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Октоподот“ Емпаси не може се, Муњоз ја фрли Колумбија во транс!

Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодишниот Мундијал. Како ПАМЕТНО да типувате…