Дома Фудбал Дали Меси навистина сакал да го донесе трофејот од Светското првенство во Париз?

Дали Меси навистина сакал да го донесе трофејот од Светското првенство во Париз?

Јавноста во Франција пред неколку дена му се налути на Лионел Меси кога се појави информација дека тој сака да го донесе трофејот од Мундијалот во Париз.

Меси со Аргентина го освои Светското првенство по изведување на пенали и ја расплака Франција, а многу медиуми објавија дека тој барал од раководството на ПСЖ да го донесе трофејот.

Меѓутоа, откако Меси доби жестоки критики, се јави и новинарот Хадриан Грение кој ги демантираше шпекулациите и ја откри вистината.

„Меси воопшто не барал такво нешто од ПСЖ. Немало разговори со раководството на тимот и не знам кој ја објавил таа лага“, објави Грение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Хрватска паузира поради коленото, за Хофенхајм игра: Што се случува со Крамариќ?

Андреј Крамариќ одигра 70 минути против Шалке, иако ќе го пропушти репрезентативниот собир…