Кристијано Роналдо одби да гласа за најдобрите за церемонијата на ФИФА (ТУКА), а тоа го направи и селекторот на Хрватска Златко Далиќ.
За разлика од Роналдо за кого не е познато зошто не гласаше, Далиќ ја образложи својата одлука и порача дека според него ФИФА нема доволно почит кон хрватските фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ме разочара односот на ФИФА кон хрватската репрезентација. Ние сме единствена селекција која се најде меѓу четирите најдобри на Светското првенство и во Лигата на нации.
Го шокиравме цел свет со победата против најсилниот Бразил, а исто така единствени сме заедно со Франција кои имаат два медали од последните два мундијали“, истакна Далиќ и продолжи:
„И покрај тоа во 14 најдобри играчи ние го имаме само Модриќ. Модриќ беше извонреден, но каде се останатите? Дали немаше за Матео Ковачиќ кој стана светски клупски шампион и беше одличен на СП? Немаше ли место за Гвардиол кој во многу избори доби место во најдобрите 11 на СП и Бундеслигата?
Не заслужи ли и Ливаковиќ да биде помеѓу топ 5 голмани во светот? Ваквата ситуација ја доживувам како недоволна почи за нашата репрезентација за се што направивме. Барам повеќе почит за нашите фудбалери, па и за себе. Со два медали на последните два мундијали ние сме светска сензација“, порача Далиќ.