Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Далиќ направи голема промена во составот за натпреварот против Аргентина

Далиќ направи голема промена во составот за натпреварот против Аргентина

0
dalic

Репрезентацијата на Хрватска утре во рамките на второто коло од групната фаза од Светското првенство игра против Аргентина.

Јасно е дека утре не очекува спектакуларен натрпевар, бидејќи Аргентина нема право на кикс и ќе мора со сите сили да оди на победа. Од другата страна, екипата на Хрватска е малку ослободена по победата над Нигерија, но јасно е дека избраниците на Далиќ нема така да се откаже и дека ќе оди на нов триумф.

Хрватска против Нигерија играше со дури четири напаѓачи, но тоа нема да биде случај против Аргентина. Далиќ на последниот тренинг воигруваше нешто подруга екипа која ќе биде повеќе дефанзивна. Најголемата дилема за хрватскиот селектор е нападот, а наводно по долго време треба да одлучи кој ќе започне од првата минута, Манџукиќ или Крамариќ.

Според пишувањето на хрватските медиуми Далиќ на крајот одлучи да оди со искуство, односно Манџукиќ да игра од првата минута, додека Крамариќ ќе остане на клупата. Далиќ повеќе нема голем избор во нападот со огелд на тоа што го отстрани од тимот Никола Калиниќ.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Модриќ скромен после прогласувањето за најдобар играч на Мундијалот

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во ко…