Дома Трансфер зона Давид Луиз ова лето се сели во Италија – Гигантот од Серија А заинтересиран за Бразилецот?

Давид Луиз ова лето се сели во Италија – Гигантот од Серија А заинтересиран за Бразилецот?

Ситуацијата околу судбината на дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз е многу интересна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот дефанзивец не играше речиси цела сезона, па се очекуваше во јануарскиот трансфер период да го напушти клубот. Сепак, тоа не се случи, па сега тоа се чека ова лето.

И, додека некои сметаат дека тој речиси сигурно ќе ја напушти екипата, други велат дека Луиз го чека расплетот на ситуацијата околу тренерот на лондонскиот клуб. Како што тоа е добро познато, англиските медиуми со денови пишуваат за тоа дека Маруицио Сари би требало да го превземе кормилото од Антонио Конте, а тоа веројатно би значело и нешто подобар статус за Луиз.

Во меѓувреме, Италијанците пишуваат дека поранешниот клуб на Сари, Наполи е заинтересиран за Луиз и подготвува понуда од 30 милиони евра. Луиз во текот на минатата сезона запиша само 10 настапи за Челзи, така да логично е дека нема што да бара во овој клуб доколку тренер остане Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…