Дома Македонски спорт Мак ракомет Грците пред мечот порачуваат: Не се плашиме од Македонија!

Грците пред мечот порачуваат: Не се плашиме од Македонија!

Македонската ракометна репрезентација во недела во Кожани ќе игра квалификациски натпревар против репрезентацијата на Грција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според квалитетот јасно е дека Македонија е фаворит против јужниот сосед, но од таборот на Грција порачуваат дека не се плашат.

„Мечот со Исланд го оставаме зад нас. Од поразот научивме некои нешта и верувам дека ќе ги поправиме грешките во пресметката со Македонија (не ослови со БЈРМ). Сега играме на домашен терен, во еден навистина гостопримлив град и верувам дека ќе се чувствуваме убаво“.

„Ние не се плашиме од противникот во недела, иако јасно е дека тие според ракометниот рејтинг се фаворити. Ќе се подготвиме на најдобар можен начин за да дојдеме до бодови. Мора да дадеме 100% од силите ако сакаме успех во недела“изјави десното крило на грчката репрезентација, Григориј Јоану.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …