Дома Фудбал Гризман откри зошто не го прослави погодокот против Уругвај

Гризман откри зошто не го прослави погодокот против Уругвај

Франција вчера го победи Уругвај и обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот каде што ќе игра против селекцијата на Белгија.

„Галските петли“ славеа победа од 2:0 против Уругвај, а погодоците ги псотигнаа Рафаел Варан и Антоан Гризман.

Гризман не го прослави погодокот против Уругвај, подоцна на новинарите им откри и зошто се одлучил на таков потег.

„На почетокот на својата кариера имав голема поддршка од еден Уругваец. Тој ме научи на се што е добро и лошо во фудбалот, поради тоа многу ја почитувам таа земја. Исто така за Уругвај играат и моите соиграчи од Атлетико – Годин и Хименез. Тоа што не го прославив голот го сметам за нормално“, изјави Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двапати водеше против Јувентус, но Ваноли не се задоволува со бод: Треба да бидеме лути!

Фиорентина испушти две предности во ремито 2-2 со Јувентус, а Паоло Ваноли побара неговите…