Дома Фудбал „Граѓаните“ покажаа големина: Погледнете ја нивната порака до градскиот ривал (Фото)

„Граѓаните“ покажаа големина: Погледнете ја нивната порака до градскиот ривал (Фото)

Денес светот обележува точно 60 години од авионската несреќа во која Манчестер Јунајтед загуби половина тим во 1958 година.

До клубот „Олд Трафорд“ денес пристигнуваат голем број на пораки, а посебно воодушеви онаа од градскиот ривал Манчестер Сити.

„Граѓаните“ под хаштагот#ACityUnited и монтирана фотографија која симобилчно покажува навивање на двете навивачки групи заедно покажаа дека се тука да го поддржат својот градски ривал во тешките моменти.

Освен тоа на профил фотографијата на официјалниот Твитер профил на Манчестер Сити место логото на клубот стои часовник кој го покажува времето на несреќата (15 часот и четири минути).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите негодуваа за цените, ФИФА инкасирала пет милијарди од билети!

„Тајмс“ објави дека билетите за Мундијалот 2026 ѝ донеле на ФИФА над петпати повеќе приход…