Дома Фудбал Останато Го „убија“ преголемите очекување, Мурињо го „отпиша“- Мадрид го памети по промашувањето против Барса!

Го „убија“ преголемите очекување, Мурињо го „отпиша“- Мадрид го памети по промашувањето против Барса!

0

Беше голема надеж на холандскиот фудбал, но поради неуредниот живот никогаш не го исполни својот полн потенцијал, на само 29 години одлучи да стави крај на својата професионална кариера…

Секако, станува збор за Ројсон Дренте најдобриот млад играч на јуниорското Европско првенство во 2007 година и човекот кој ќе остане запаметен по „зицерот“ кој го промаши против Барселона играјќи во дресот на Реал Мадрид.

Дренте во разговор за шпанска „Марка“ откри како на само три години бил убиен неговиот татко.

„Морав да учам многу работи уште од мали нозе. За 30 години поминав низ работи кои многумина нема да ги доживеат ниту за 200 години“, изјави Холанѓанецот.

Пред 10 години Реал Мадрид го доведе како големо засилување, но тој статус никогаш не го оправда. Меѓутоа Дренте смета дека не бил толку лош во Мадрид.

„Не знам, но мислам дека моето време поминато во Мадрид не беше катастрофало. Реал е најголемиот клуб во историјата и доволно е што можам да се пофалам дека сум играл за овој клуб. Тоа никој не може да го избрише. Во Мадрид го живеев својот сон, но тука пристигнав многу млад (20 години) и од мене се очекуваше премногу“, зборуваше поранешниот фудбалер.

Дренте истакна дека е среќен што на „Сантијаго Бернабеу“ имал прилика да игра со легендарни фудбалери како: Канаваро, Ван Нистерлој, Рамос, Марсело, Раул, Касиљас…

Проблемите за Дренте во Реал Мадрид започнаа со пристигнувањето на контроверзниот Жозе Мурињо.

„Не знам зошто, но секогаш ме испраќаше на позајмици. Знаев дека тука завршува мојата кариера во Реал“, изјави Холанѓанецот.

После заминувањето од Мадрид, Дренте настапуваше за клубови во Англија, Русија и Турција.

Денес тој има 30 години и некои други приоритети во животот.

„Имам син и четири ќерки. Сега тие се мојот живот. Сакам само тие да се среќни, друго ништо не ми е важно“, истакна своевремено големата надеж на гигантот од Мадрид.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

По цела деценија, во Шведска повеќе епитетот НАЈДОБАР не го носи Златан Ибрахимовиќ

Се прости од репрезентацијата, а се прости и од наградата која полна деценија љубоморно ја…