Дома Топ вести Го платија 40 милиони, одигра само 52 минути и веќе заминува!

Го платија 40 милиони, одигра само 52 минути и веќе заминува!

Белгискиот репрезентативец Мичи Бачуаи пристигна на „Стенфорд Бриџ“ како големо засилување ова лето, но не се снајде баш најдобро.

Иако беше платен 40 милиони евра и веруваше дека е добра инвестиција за иднина, сепак Бачуаи не се наметна во тимиот на Антонио Конте и до сега одигра само 52 минути во Премиер лигата.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека овој 23-годишен напаѓач веќе во јануари ќе го напушти клубот, а најголем инетерс за него покажува италијанскиот гигант Милан.

„Росонерите“ не се задоволни од Луис Адриано и бараат негова замена, а изборот падна токму на Белгиецот за кого веруваат дека ќе биде одличен партнер на Карлос Бака.

Милан е спремен да испрати понуда за позајмица на напаѓачот до крајот на сезоната, со можност за откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …