Дома Фудбал Го имаме првиот клуб кој обезбеди место во Бундеслигата!

Го имаме првиот клуб кој обезбеди место во Бундеслигата!

Во натпреварот од 28. коло во германската Бундеслига 2 Арминија Билефелд го разби Динамо Дрезден со 4:0 и така го обезбеди враќањето во елитата.

Арминија со оваа победа дојде на плус девет во однос на третопласираниот Штутгарт и поради подобриот меѓусебен дуел на три кола пред крајот обезбеди промоција. Всушност, извесно е и дека Арминија ќе заврши како првопласирана бидејќи има осум бода повеќе од второпласираниот ХСВ на три кола до крајот.

Останува борбата за второто место кое исто така води директно во Бундеслигата. ХСВ има 53, Штутгарт 52, а во игра е и Хеиденхем со 51 бод. Третиот на табелата ќе потсетиме игра разигрување за влез во повисок ранг со 18. тим од Бундеслигата.

Последен пат Арминија во Бундеслигата играше во сезоната 2008/2009.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…