Манчестер Сити е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат медиумите на Островот.




21-годишниот напаѓач блесна во дресот на Ривер Плата и заврши како најдобар стрелец во аргентинското првенство, па е на мета на многу европски гиганти.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.




Алварез во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра, а последните информации се дека Манчестер Сити ќе ја плати таа сума.




Гвардиола сака да ја победи конкуренцијата и ќе ја плати откупната клаузула, па трансферот треба да биде комплетиран во следните денови.