Дома Фудбал Италија Готово: Милан од денес има нов претседател!

Готово: Милан од денес има нов претседател!

0

Италијанскиот фудбалски гигант Милан од денес има нов претседател, а тоа е 71-годишниот Паоло Саркони кој доаѓа на местото на Јанхонг Ли.

Милан ја промени сопственичката структура и од вчера е во рацете на американскиот фонд „Елиот“, кој денес именуваше нов претседател.

Саркони е роден во Виченца, станува збор за искусен менаџер, кој беше директор на една од најголемите нафтени компании во светот „Ени“.

Интересно е што Саркони кон крајот на 90-те години беше претседател на Виченца и има искуство од водење на фудбалски клуб.


Следете го Sportski.mk и на


Тој е многу близок до „Елиот“, па денес и официјално ќе биде поставен за нов претседател, а ќе бидат сменети и тројцата Кинези од управниот одбор на клубот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВО ЖИВО: Партизан – Црвена Звезда

Вечерва со почеток од 19:00 часот во Србија се игра 158-то вечно дерби помеѓу Партизан и Ц…