Лучијано Спалети ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија откако официјално постигнал договор Италијанската фудбалска федерација, објави „Газета“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спалети ќе се обврзе на соработка од три години, а промоцијата би требало да се случи во текот на утрешниот ден. Првата прес-конференција екс-тренерот на Наполи ќе ја одржи в понеделеник.
Во минатата сезона, Спалети ја освои шампионската титула со Наполи, но потоа неочекувано одлучи да се повлече. Бидејќи се уште е под договор со Наполи, Италијанската федерација ќе исплати три милиони евра како оштета.
Со Манчини на клупата Италија го освои Европското првенство, но потоа пропушти два Мундиајли во низа. Во последниот бараж Македонија ги елиминираше и тоа во Палермо.
Спалети ќе дебитира токму против Македонија 9. септември кога ние треба да ги пречекаме Италијанците.