Дома Топ вести Готово: Арсенал ја договори ѕвездата на ПСЖ

Готово: Арсенал ја договори ѕвездата на ПСЖ

Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Артета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Киран Тирни е надвор од теренот уште три месеци, додека Колашинац често има некои ситни повреди и Артета смета дека му е потребен уште еден лев бек.

27-годишниот Курзава ќе биде слободен агент на крајот на сезоната и сега има право да преговара со заинтересираните клубови. Француските медиуми тврдат дека постигнал комплетен договор со „топџиите“.

Сега останува да се види дали клубовите ќе се договорат за Курзава веднаш да се пресели на „Емирати“ или ќе пристигне во јуни како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…