Дома Македонски спорт Голот на Барди беше доволен за бод – реми на Македонија во „Стожице“ (ВИДЕО)

Голот на Барди беше доволен за бод – реми на Македонија во „Стожице“ (ВИДЕО)

0

Вечерва Македонија го одигра вториот натпревар во рамките од од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Откако во Скопје ја победивме Летонија со 3:1, денес одиграме реми 1:1 на гостински терен против Словенија.

Натпреварот започна изедначено. Словенија ја имаше првата сериозна прилика, но за наша среќе Столе Димитриевски одлично интервенираше и го спаси својот гол. Не беше ова натпревар со премногу големи прилики, повеќе се играше на средината, така беше до голот на Словенците.

Словенија прва стигнаа до предност во 34-тата минута преку Зајц. Овој гол како да ги разбуди нашите репрезентативци кои започнаа да играат подобро и да создаваат шанси. Меѓутоа иако имавме добри шанси во тој период од десетина минути до крајот на полувреме сепак не успеавме да ја погодиме мрежата.

Тоа ни успеа на стартот од вториот дел кога Алиоски украде една топка и испрати уфрлување во шеснаесетникот, а на вистинско место се најде Барди кој успеа да погоди за изедначување.

До крајот на натпреварот видовме по некоја шанса и на двете страни, меѓутоа резултатот не се промени.

Интересно е што ова реми за Словенија беше дури петто во низа со истиот резултат (1:1). Претходно ремизираа со: Кипар, Норвешка, Бугарија и Израел. После натпреварите од второто коло во нашата група Полска има максимални шест бодови, Израел и ние имаме по четири бода, Словенија е зад нас со два помалку, додека Австрија и Летонија се без бодови.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лидс му понуди на Тоти да се врати од пензија и да заигра за нив

Лидс Јунајтед минатата недела потврди дека сака да го доведе искусниот голман Буфон чиј до…