Дома Фудбал Голот кој го постигна Де Брујн е најбрзиот на Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Голот кој го постигна Де Брујн е најбрзиот на Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Maнчестер Сити вчера во еден фантастичен натпревар во кој видовме седум гола и голем број шанси на двете страни го победи Реал Мадрид со 4:3.

После само десет минути игра „граѓаните“ имаа предност од 2:0, а првиот гол го постигна Кевин Де Брујн после само 93 секунди игра. Де Брујн погоди со глава откако доби маестрална асистенција од Ријад Марез.

Овој гол на Де Брујн е и најбрзиот кој во Лигата на шампионите го постигнала екипата на Манчестер Сити. До вчера рекордот за Сити го држеше Џон Стоунс кој во 2017 година против Феенорд постигна гол после 95 секунди, тој натпревар Сити го доби со 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…