Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека Давид Раја е подобар избор од Арон Ремсдејл и сака да го направи незаменлива опција на голот на првиот тим, објави новинарот Џон Крос од „Мирор“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раја пристигна во Арсенал од Брентфорд за 30 милиони евра, а веќе се покажа како квалитетно засилување и ова го загрижи Рамсдејл кој го губи статусот на прв голман на тимот.
Рамсдејл поради тоа планира да направи големо предавство и да го засили градскиот ривал Челзи, кој сака да донесе конкуренција за Ренато Санчез.
Челзи сè уште не испратил понуда за Рамсдејл, иако будно ја следи ситуацијата на „Емирати“ и првиот потег се очекува во јануари.