Дома Фудбал Голем проблем за ПСЖ пред мечот со Дортмунд

Голем проблем за ПСЖ пред мечот со Дортмунд

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе се уште не се рехабилитирал и не тренира со тимот пред реванш осминафиналниот дуел од ЛШ во Лигата на шампиони.

Парижаните во првиот меч беа поразени со 2:1, а утре пред празни трибини ќе ја пречекаат Борусија Дортмунд и ќе се обидат да се пласираат во четвртфиналето.

Лоша вест за францускиот тим е фактот дека натпреварот најверојатно ќе го пропушти и Килијан Мбапе. Младиот напаѓач го пропушти вчерашниот тренинг поради болест, а тоа ги загрижи парижаните.

Мбапе ни утринава не се појави на тренингот на ПСЖ поради болки во грлото и би можел да го пропушти утрешниот дуел против Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…