Дома Трансфер зона Големиот план на Лапорта: Халанд за Барселона и не е толку (не)возможна мисија!

Големиот план на Лапорта: Халанд за Барселона и не е толку (не)возможна мисија!

Ерлинг Халанд e голема желба Лапорта која можеби и ќе стане реалност, но не порано од наредната година.

Каталонските медиуми пишуваат за деталниот план на Жоан Лапорта, кој почнал да работи на трансферот на Ерлинг Халанд, но тој би се реализирал најверојатно дури следната година или во 2026 година кога клубот финансиски ќе се стабилизира.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лапорта е во одличен однос со Рафаела Пимента, претставничка на норвешкиот репрезентативец, која во едно неодамнешно интервју откри дека го обожава претседателот на Барселона и дека не може да му каже „не“.

Изворите пишуваат дека Халанд веќе еднаш кажал „да“ на Барселона, летото 2022 година, но дека тогаш клубот не можел да си го дозволи, па Лапорта се договорил со покојниот Мино Раиола за три години повторно да разговараат за реализација на трансферот. . Рафаела Пимента беше десната рака на Раиола која ги презела сите негови работи и е клучот за преговорите на Лапорта.

Во Барселона се убедени дека ривалството меѓу Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд е следното големо по она на Лионел Меси и Кристијано Роналдо и дека Норвежанецот повеќе би сакал да дојде во Барселона за да биде прва ѕвезда отколку да оди во Реал Мадрид. Инаку, Пеп Гвардиола има договор до 2025 година и се верува дека ќе го напушти Манчестер Сити и дека тоа дополнително ќе влијае на завршувањето на мисијата на Етихад од страна на Халанд.

Барселона има јасен финансиски план целосно да се стабилизира во следната година и потоа повторно да може да ги доведе најголемите фудбалски имиња.

Исто така, планот е Роберт Левандовски да замине, а Халанд да ја наследи неговата „деветка“. Во моментов тоа навистина звучи како нереален сон, но Лапорта сигурно ќе направи се за да стане реалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Реал Мадрид

Примарна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде централниот дефанзивец на француски …