Дома Македонски спорт Голема победа: Калин обезбеди осминафинале на силниот турнир во Јапонија!

Голема победа: Калин обезбеди осминафинале на силниот турнир во Јапонија!

Калин Ивановски ја продолжи серијата победи и утрово во мечот од првото коло на Челинџер 75 турнирот во Јокохама го совлада Зизу Бергс од Белгија со 2-1 во сетови (61 57 62) за 2 часа и 10 минути игра. Неговиот денешен ривал е на 152.место на АТП листата и на овој турнир дојде како победник на Челинџерот во Друмондвил, што значи дека е во добра форма.

Македонскиот тенисер имаше еден ас повеќе (5:4), но за одбележување е и тоа дека немаше ниту една двојна сервис грешка (0:4). Истотака направи пет брејка од 10 можности, додека Бергс имаше 2 од 9 што значи дека Ивановски успеал да спаси седум брејк топки.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Од самиот почеток на мечот Ивановски покажа дека е подготвен за триумф. Првиот брејк го направи во четвртиот гем и поведе со 3:1 во гемови, а потоа и во шестиот гем имаше брејк за 5:1 и сетот го заврши со 6:1. Вистинска борба имаше во вториот сет. Ивановски со брејк поведе со 2:1, но веќе во следниот гем Бергс имаше ри-брејк за 2:2. Во 10.тиот гем се водеше голема борба и беа одиграни 16 поени притоа Ивановски спаси две сет топки. Но, во 12.тиот гем ривалот сепак ја искорсти четвртата сет топка во сетот за 7:5 во гемови – 1:1 во сетови.

Но, македонскиот тенисер на стартот од решавачкиот сет покажа дека максимално психолошки подготвен и по загубениот сет претходно, веднаш на стартот на сетот направи брејк за 1:0. Следниот брејк го имаше во петтиот гем за 4:1 и сетот го заврши со 6:2.

Во второто коло Ивановски ќе игра против шестиот носител Лука Нарди од Италија (20 год., 118 АТП ранг), кој во првото коло го совлада Јун Сеонг Чунг „среќен губитник“ од Јужна Кореја. Нарди е во одлична форма на претходните два челинџер турнири во Јапонија триумфираше во Мацујама, а беше полуфиналист во Кобе претходната недела. Почетокот на мечот е утре во 02:30 часот по македонско време (10:30 по локално време) и е прв меч на теренот број 3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…