Виктор Ѓекереш е еден од фудбалерите за кои најмногу се зборува во овој период. Напаѓачот на Спортинг и репрезентативец на Шведска блеска од стартот на сезоната.
На последниот натпревар во Лигата на шампионите Ѓекереш постигна хет-трик во големата победа на Спортинг над англискиот шампион со 4:1.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, на почетоците од кариерата Ѓекереш и не бил толку посакуван. Не е премногу познато дека во 2018 година премиерлигашот Брајтон го доведе од Бромпокјарн од Шведска.
Сепак, клубот набрзо се откажал од него и го продал во Ковентри за еден милион евра во 2021 година и од тој момент неговата кариера оди во нагорна линија. Само две години подоцна Ковентри од него заработи 25 милиони евра со трансферот во Сопртиинг.
Денес неговата вредност на трнасфер пазарот е најмалку 60-70 милиони евра. Интересно за грешката која ја направил Брајтон најголем виновник бил Ден Ешворд, денешниот спортски директор на Манчестер јунајтед кој тогаш работел во Брајтон.
„Помина две години на позајмици, но така не може да се фокусира на еден клуб и да игра редовно на високо ниво. Тоа за него е најважно во моментите кога се развива“, објаснуваше Ешфорд зошто го продал.
Brighton sold Viktor Gyokeres to Coventry for just £1m in 2021 💰
— Football on TNT Sports (@footballontnt) November 5, 2024
Man United’s current sporting director Dan Ashworth was the man who let him go 👀 pic.twitter.com/sf5bb9B4D3