Дома Кошарка Голден Стејт на чекор до финалето на Западот – му фали само уште една победа

Голден Стејт на чекор до финалето на Западот – му фали само уште една победа

Екипата на Голден Стејт се наоѓа на чекор до пласманот во финалето од плејофот во Западната конференција во НБА лигата откако ноќеска триумфираше на теренот на Јута со 102:91.

Јунак во победата на „воините“ беше Кевин Дурант кој натпреварот го заврши со 38 поени и 13 скока.

Моменталниот резултат е 3-0 во серијата прв до четири победи. Во другото полуфинале на Запдот, Сан Антонио води со 2-1 против Хјустон.

Слично е и во Источната конференција. Бранителот на трофејот Кливленд води со 3-0 против Торонто, додека Бостон има предност од 2-1 над Вашингтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стојановски со 38 поени го водеше Феникс, Вардар закажа дуел на непоразените

Феникс 2010 ги совлада Ангели со 115:83 и ја запиша петтата победа. Вардар остана без пора…