Дома Македонски спорт Мак фудбал Глигоров потпиша за романски прволигаш, Спортски го контактираше: Опимист сум, се надевам ќе се вклопам

Глигоров потпиша за романски прволигаш, Спортски го контактираше: Опимист сум, се надевам ќе се вклопам

0

Македонскиот фудбалер кој го носеше дресот на Силекс, Филип Глигоров доби нов ангажман надвор од границите на нашата држава.

Глигоров кој има 24 години од наредната сезона ќе настапува за новиот прволигаш во Романија, Дунареа Калараши.

По потврдата за трансферот „Спортски.мк“ го контактираше фудбалерот кој е оптимист пред новата авантура:

„Одам во клуб кој оваа сезона успеа да се избори за влез во првата лига и не го познавам многу. Но јас сум оптимист и се надевам дека на најдобар начин ќе се вклопам во клубот и ќе придонесам за подобри резултати“, изјави Глигоров


Следете го Sportski.mk и на


Во досегашната кариера Глигорв на домашно тло настапуваше за Работнички, Еуромил, Шкупи и Силекс, додека кога е во прашање неговата кариера во странство го носеше дресот на Бањик од Словачка и Олимпик Сараев од Босна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шилегов најави: Самсоненко си заминува од Вардар

Изгледа дека сепак на крајот Сергеј Самсоненко ќе престане да инвестира во фудбалскиот тим…