Дома Фудбал Гигс призна: Тоа ме боли, но Ливерпул е одличен

Гигс призна: Тоа ме боли, но Ливерпул е одличен

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс призна дека најголемиот ривал на Јунајтед, Ливерпул имаше одлична сезона.

Гигс вели дека тој факт, како навивач на Јунајтед, го боли, но сепак вреди да се признае.

„Мислам дека ова што го видовме оваа сезона во Ливерпул е еден силен тим кој го води одличен тренер. Ме боли тоа да го кажам како навивач на Јунајтед, но навистина имаа фантастична сезона.“ – изјави Гигс.

Црвените моментално се убедливо први во ПЛ со 25 бода повеќе во однос на Манчестер Сити и скоро сигурно ќе ја освојат титулата на крајот од сезоната.

Премиер лигата продолжува на 17. јуни со натпреварите од 28. коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн можел да го доведе Вушковиќ, но избрал друго решение

Лука Вушковиќ бил достижна цел за Баерн, но Баварците решиле да не ја менуваат одбраната. …