Дома Фудбал Англија Гигс: Побарав автомобил, а Фергусон збесна и почна да ме пцуе

Гигс: Побарав автомобил, а Фергусон збесна и почна да ме пцуе

Рајанг Гигс обележа една ера во Манчестер Јунајтед и беше дел од најуспешните моменти во историјата на клубот, а на почетоците имал една за него тогаш не толку интересна ситуација со Сер Алекс Фергусон.

Фергусон во кариерата беше познат како тренер и човек кој не сакал да види како парите ги расипуваат младите фудбалери, а Гигс отишол кај него после дваесетина натпревари за Јунајтед да побара автомобил од клубот.

„Ќе ви признаам дека целиот се стиснав од страв. Првата работа за тој момент која ми паѓа на памет е црвеното лице на шефот, мислам дека сакаше да ме фрли низ прозор. Одиграв 20 или 25 натпревари во првиот тим и бев тинејџер. Робсон не се шегуваше со мене, не беше како останатите постари играчи. Затоа него го прашав еднаш дали би можел да добијам автомобил како и другите. Ми одговори да одам кај шефот (Фергусон) и да го прашам“.

„Тропнав на врата кај него и му кажав: Шефе, одиграв 25 натпревари мислам дека добро се прилагодив и дека заслужувам автомобил. Не стигнав ниту до пола реченица, а веќе видов како му се менува изразот на лицето. Кога слушна автомобил полуде, почна да ме пцуе, викаше по мене и ми кажа дека нема да добијам ниту велосипед од клубот. Ме избрка од канцеларијата и целиот тим беше надвор и слушаше што се случува. Во тој момент научив важна лекција“, раскажа Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…