Дома Фудбал Германците ќе експериментираат со „привремен“ црвен картон

Германците ќе експериментираат со „привремен“ црвен картон

Фудбалскиот сојуз на Германија денеска објави дека ќе се тестира новото правило за вториот жолт картон, со кој играчот нема да биде исклучен од натпреварот.

Играчот, кој ќе добие втор жолт картон ќе биде исклучен од игра на одреден период пред да му биде дозволено да се врати на теренот.

Само во случај на трет жолт картон фудбалерот ќе добие црвен и ќе биде испратен во соблекувална, па така доколку успее тестот, би можело да се применува ова правило и во женскиот и во машкиот спорт.

Фудбалскиот сојуз објави дека според правилата на ФИФА може да се прилагоди правилото во координација со националниот сојуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…