Дома Македонски спорт Мак ракомет Георгиевски: Очекувам Порто повторно да игра многу 7 на 6

Георгиевски: Очекувам Порто повторно да игра многу 7 на 6

Вардар утре го игра натпреварот против Порто во Лигата на шампионите на гостински терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според крилото Гоце Георгиевски Вардар треба да ја подобри играта во нападот.

„Против Порто не чека еден тежок натпревар. Ова е прв натпревар во Лигата на шампионите после долга пауза, игравме во Скопје со нив и во тој натпревар веќе ја имавме победата во раце, но на крајот примивме гол. Станува збор за една квалитетна екипа, ја анализиравме нашата игра од претходниот натпревар со нив, играа многу 7 на 6. Очекувам одново да играат така, правевме грешки во нападот и треба да внимаваме во тој дел. Распоредот е згуснат потоа не чекаат натпревари со ПСЖ и Фленсбург, најважно е сега да се фокусираме на Порто“, изјави Георгиевски.

Порто и Вардар играат утре во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!

Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во…