Дома Фудбал Англија Гвардиола: Тој е незаменлив, не го давам ни за 500 милиони!

Гвардиола: Тој е незаменлив, не го давам ни за 500 милиони!

0

Манчестер Сити ја дочека репрезентативната пауза во негативно расположение.

Поразот во осмото коло од страната на Волвс на „Етихад“ остави голем дефицит, „Граѓаните“ имаат минус од осум бода зад Ливерпул, а уште од сега се појавија шпекулации дека Пеп би можел да си замине и пред крајот на оваа сезона. Сепак, далеку сме од тоа, неодамнешните изјави на Пеп ни даваат уверување дека тој нема да го промени клубот, но Каталонецот откри и кој фудбалер го гледа како незаменлив, играч кој не би го продал ниту за половина милијарда евра.

Фил не оди никаде, Фил е Сити. Нема да доведеме никого на неговата позиција, не му дадовме нов договор на Фоден случајно. Тој е единствениот играч кој не смее да биде продаден по било кои околности. Ниту за 500 милиони евра“, изјави Гвардиола за книгата „Сити од Пеп: Правење Супертим“.

19-годишниот не играше многу оваа сезона, забележи само десет минути во Премиер лигата, додека во Лигата на Шампионите постигна и гол. Останува да се види дали во блиска иднина, Фоден ќе добие таква класа каква што Пеп гледа во него.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алексис Санчез два месеци надвор од теренот?

Крилниот фудбалер на Интер, Алексис Санчез го повреди зглобот на пријателскиот натпревар п…