Дома Топ вести Гвардиола спреми 50 милиони за Тео Хернандес

Гвардиола спреми 50 милиони за Тео Хернандес

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пренесуваат италијанските медиуми.

„Граѓаните“ планираат ова лето да испратат понуда за 22-годишниот дефанзивец, кој игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Хернандес оваа сезона постигна 6 гола во Серија А.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.

Покрај Сити за Хернандес интерес покажуваат уште ПСЖ и Барселона, па сигурно ова лето ќе се води голема битка за неговиот потпис.

Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата на Сити кој е спремен да понуди 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…