Дома Трансфер зона Гвардиола спреми 30 милиони за бекот на Аталанта

Гвардиола спреми 30 милиони за бекот на Аталанта

Манчестер Сити спреми богата понуда за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец, Робин Госенс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пеп Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на левиот бек и сериозно размислува да го доведе на „Етихад“ ова лето.

Госенс одигра фантастична сезона во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација.

Сити е во потрага по лев бек бидејќи на лето готово сигурно ќе се раздели со Зинченко, а Госенс е на врвот на листата желби.

26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2022 година. Поради тоа Аталанта ќе мора да го продава на лето, а Сити внимателно ја следи ситуацијата.

„Граѓаните“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда од 30 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…