Дома Трансфер зона Гвардиола повторно тргнува по својот омилен дефанзивец

Гвардиола повторно тргнува по својот омилен дефанзивец

Англиските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола е подготвен да направи изненадувачки трансфер во летниот преоден рок.

Имено, Гвардиола ќе тргне по услугите на искусниот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи, кој еднаш веќе го напушти клубот за да се пресели во Милан.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Гвардиола има големи проблеми во одбраната, а еден од играчите кои требаше да претставува носечка сила, Џон Стоунс постојано се мачи со повреди, и оваа сезона одигра само 10 натпревари во Премиер лигата.

Пеп сака да ја засили одбраната со искусен стопер со оглед на фактот што Компани веќе замина, а на лето ќе замине и Отаменди.

Гвардиола не крие дека Бонучи е неговиот омилен дефанзивец и смета дека може да биде вистински лидер на одбранат на „граѓаните“.

За една недела Бонучи ќе наполни 33 години и има договор со Јувентус до 2024 година, па на Гвардиола ќе му биде тешко да го убеди да се пресели на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…